Николо Заниоло никако не може да најде вистински клуб за себе откако крилниот офанзивец си замина од редовите на Рома и потпиша за Галатасарај. Тој не се прослави во Галата, лани беше испратен на позајмица во Астон Вила, но и таму беше далеку од посакуваната форма, па летово се пресели во Аталанта.
Заниоло и таму повеќе време мина на клупата отколку на теренот, па неговиот агент успеа да издејствува тој предвреме да си замине од Бергамо и денеска да се пресели во редовите на Фиорентина.
„Виолетвоите“ ќе платат 3,2 милиони евра на Галатасарај за позајмицата до крајот на сезоната, а тимот од Фиренца ќе има и можност да го откупи договорот што Заниоло го има со турскиот гигант за дополнителни 15,5 милиони евра.
Аталанта уште пред заминувањето на Заниоло ја засили навалната линија купувајќи го Даниеле Малдини од Монца за 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА