Запишете го датумот: Формула 1 шампионатот започнува со голема промена

Јубилејната 75. сезона во најбрзиот шампионат на светот – Формула 1 започнува со Големата награда на Бахраин престојниот викенд која за разлика од минатото, овој пат епилогот ќе го има во сабота. Исто ќе биде и на втората трка на сезоната во Саудиска Арабија, а причина за тоа е рамазан.

Големите награди во Формула 1 шампионатот обично се одржуваат во недела, но со цел да се запази почетокот на големиот исмански празник на 10. март раководството на шампионатот се одлучи за промени.

Тоа значи дека покрај тоа што ќе биде поставен нов рекорд со 24 Големи награди, три од нив ќе бидат одржани во сабота навечер. Покрај споменатите две, со сабота ќе се вози и во Лас Вегас.

Се вчитува...