Полицијата во Мадрид заплени 11 тони копии на фудбалски дресови кои требале да се продаваат за време на утрешното финале во Лигата на Шампионите, а потоа и за време на престојното Европско првенство.
Шпанската полиција извршила претрес на 15 камиони во кои се пронајдени 36.500 дресови на разни европски клубови и репрезентации.
Истрагата е започната во месец април кога полицијата заплени два тона на неоригинални дресови на шпански фудбалски клубови испратена од Кина.
Неоригиналните дресови чинат 25 евра додека официјален дрес на Реал Мадрид може да се набави за од 125 до 195 евра во зависност од квалитетот на материјалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА