Започна најдолгото патување во историјата на фудбалот: Ќе го прелетаат целиот свет за да играат натпревар од Купот

Фудбалско натпреварување кое привлекува големо внимание, не поради својата привлечност, туку поради необични ситуации и патувања е Купот на Франција. Тоа ќе биде случај и оваа година. 

Во петок се игра седмото коло од Купот на Франција, односно првата фаза од главната рунда на Купот по шест квалификациски кола. И овој пат на Купот на Франција ќе видиме патувања од едниот до другиот крај на светот.

ФК Милуз, клуб од петтата француска дивизија, три дена претходно тргна кон далечната Нова Каледонија на патување од 36.000 км за да игра против АС Магента. Тимот ќе помине два дена на пат, а ќе се одмори на денот пред натпреварот. 

За да се доближи оваа неверојатна ситуација, Францускиот куп е единствениот куп во светот што се игра на дури четири континенти, имено Франција (Европа), Нова Каледонија и Француска Полинезија (Океанија), Реунион и Мајот (Африка) и Француска Гвајана, Гвадалупе, Мартиник, Свети Мартин, Свети Вартоломеј, Свети Петар и Микелон (Северна и Централна Америка).

ФК Милуз не е единствениот клуб кој чека посета на друг континент, бидејќи ФК Бандреле од Мајот ќе гостува кај францускиот тим од пониската лига Монтреј, додека францускиот Карну ќе биде домаќин на АС Пире, тим од Тахити.

Причината за ова е што сите претходно споменати мали држави се всушност француски прекуокеански територии и имаат исти овластувања како жителите на Франција, вклучително и гласање на претседателските избори во Франција.

Така, Француската фудбалска асоцијација им даде можност на најдобрите клубови од прекуокеанските територии да се натпреваруваат во Францускиот куп.

Се вчитува...