Започна трансфер сагата: Прв се сели Крис Пол?

По многуте гласини, на повидок е и првиот трансфер во НБА лигата, откако како што пренесува ЕСПН, Феникс и Оклахома ги започнале преговорите за преселба на десеткратниот Ол-Стар играч Крис Пол.

Договор сеуште не е постигнат бидејќи и периодот за трансфери не е започнат, но започнати се преговори со кои 35-годишникот би се преселил во Феникс. Оклахома поминува низ период на „преобразба“, претходната сезона заминаа Пол Џорџ и Расел Вестбрук, а сега на повидок е и 35-годишниот бек.

Феникс пак има млад тим кој се базира врз Девин Букер и Деандре Ејтон, во „балонот“ во Орландо беа на повидок на сензација откако добија осум натпревари во низа, па добро би им дошол искусен играч во битката за плејофот.

Крис Пол, кој веќе има соработувано со актуелниот тренер на составот од Аризона, Монти Вилијамс во Њу Орлеанс, имаше одлична сезона бележејќи просек од 17,6 поени и 6,7 асистенции.

Се вчитува...