Започнува меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

ТФТ и Академија ФМП како организатори и Феникс 2010, Работнички, Куманово и Ангели како почесни гости од денеска па до недела (8-12. септември) во СРЦ „Кале“ и „Независна Македонија“ ќе играат во чест на Анте Дуковски.

Шестте тима ќе бидат поделени во две групи. Во групата „А“ покрај домаќинот ТФТ се наоѓаат и Феникс 2010 и Работнички, додека во групата „Б“ покрај Академија ФМП се и Куманово и Ангели со тоа што од денеска до петок ќе бидат комплетирани групните фази со по еден меч на ден, а разигрувањето за првото место ќе започна во сабота.

Целиосниот распоред на турнирот е следниот:

Група A (сала СРЦ Kалe )

8.септември (среда)

18:30 – ТФТ – Феникс 2010

9.септември (четврток)

18:30 – TФТ – Работнички

10.септември (петок)

18:30 – Работнички – Феникс 2010

 

Група Б (сала „Независна Македонија“)

8.септември (среда)

20:30 – Навико Академија ФМП – Куманово

9.септември (четврток)

18:00 – Навико Академија ФМП – Ангели

10. септември (петок)

18:00 – Aнгели – Куманово

 

11.септември (Сабота)

17:00 (А1-Б2) – ПОЛУФИНАЛЕ-1

19:30 Б1-А2) – ПОЛУФИНАЛЕ-2

12.септември (недела)

17:00 – ЗА ТРЕТО МЕСТО

19:30 – ФИНАЛЕ

Се вчитува...