Запомнете го ова име – „вундеркидот“ Хулијан Алварез во стилот на Меси стрела на аргентинскто суперкласико (ВИДЕО)

Аргентинското Суперкласико помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниор не помина без инцидент откако во 16. минута од мечот Маркус Рохо заработи црвен картон, но „дивеењето“ на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед не беше долго во центарот на вниманието.

Него го привлече 21-годишниот „вундеркид“ Хулијан Алварез кој во 25. минута од мечот прво стрелаше надвор од шестнаесетникот во стилот на Лео Меси, а подоцна во „тики-така“ акција повторно го совлада противничкиот голман.

Се вчитува...