Зарате е нов фудбалер на Борец, договорен и Алекс Талески

Македонскиот прволигаш Борец ги претстави Алекс Талески и Гонзало Зарате. 21-годишниот Македонец со австралиски пасош, по две години се враќа во македонскиот фудбал, откако во сезоната 2018/19 настапуваше за Вардар, а во Борец доаѓа од редовите на Данденонг Сити.

Велешкиот клуб го доведе и аргентинскиот интернационалец Гонзало Иван Зарате. Се работи за 26-годишен Аргентинец, кој игра на неколку позиции во нападот, а доаѓа од Атлетико Хувентуд.

 

 

Се вчитува...