Заре си замина од Романија неполн месец пред дуелот со Македонија

Романската Кошаркарска Федерација ќе мора да бара нов селектор на помалку од еден месец пред стартот на новиот претквалификациски циклус откако Заре Марковски реши самиот да се повлече од селекторската функција.

Македонскиот стручњак во претходниот квалификациски циклус беше последен со Романија, зад селекциите на Италија, Хрватска и Холандија, поради што оваа селекција беше префрлена во претквалификации за Евробаскет 2021, во група со репрезентациите на Македонија и на Косово.

Заре Марковски требаше да гостува со својата селекција во Скопје на 16 септември, но на неполн месец пред тој натпревар самиот реши да се повлече од селекторската функција.

За потсетување, Марковски беше директор во МКФ во пресрет на настапот на Евробаскет 2015, последен за македонската репрезентација. Тој најпрвин влезе во конфликт со тогашниот селектор Србиновски поради мешање во работата, потоа и со голем дел од кошаркарите, по што на неколку дена пред стартот на ЕП се повлече и не отпатува со националниот тим во Хрватска.

Се вчитува...