Зарем е можно: Ел Класико пак ќе биде одложено?!

Постои сериозна опасност од ново одложување на големиот фудбалски спектакл „Ел Класико“, откако една про-каталонска група на протестанти најави демонстрации пред „Камп Ноу“ токму во пресрет на големото дерби на шпанскиот фудбал.

Вечното дерби веќе еднаш беше одложено поради серијата инциденти во Барселона, во протестите за независност на Каталонија. „Ел Класико“ беше презакажано за 18 декември, ситуацијата во меѓувреме се смири, но сега групата со име „Цунами демократија“ најави организација на протест токму пред фудбалскиот храм на каталонската престолнина.

„Цунами демократија“ има 18.000 следбеници и веќе ги повика сите членови, но и поддржувачите на нивните идеи, на протести на четири различни локации, но сите во близина на „Камп ноу“.

„Јасно ни е дека дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид е во фокусот на целокупната светска јавност, затоа и сакаме да го искористиме за да ја испратиме својата политичка порака“ – истакнаа предводниците на оваа група.

Шпанските фудбалски власти се известени за најавениот протест, но се во исчекување на полициските прогнози и извештаи, за да се донесе одлука дали е безбедно да се одигра толку исчекуваниот фудбалски дуел.

Се вчитува...