Зарем Ето не е во пензија? Шпански третолигаш тврди дека потпишал договор со Камерунецот

Самуел Ето на почетокот од септември соопшти дека става крај на својата кариера, а во меѓувреме беше примен и на престижниот американски колеџ, Харвард. Но, очигледно ништо од тоа…

Денеска, шпанскиот третолигаш, Пења Депортиво официјално соопшти дека договорил соработка со 38-годишниот Ето.

„Завршено е потпишувањето на договорот. Иако Камерунецот најави пензионирање сепак го убедивме да одигра до крајот на сезоната за нашиот клуб“ – се вели во соопштение од Пења Депортиво.

Дали е сето ова некоја шега ќе биде познато наското. Ето во професионалната кариера настапуваше за Леганес, Реал Мадрид, Еспањол, Барселона, Интер, Анжи, Челси, Евертон, Сампдорија, Анталијаспор, Коњаспор и Катар СЦ.

Се вчитува...