Зарем не е МВП? Никола Јокиќ со извонредна реакција ја осигура победата на Денвер (ВИДЕО)

По поразот на отварањето на плеј-оф серијата против Портланд, на крилјата на Никола Јокиќ, Денвер забележаа две победи во низа со што стигнаа до предност од 2-1 во четвртфиналето. Српскиот интернационалец во натпреварот број два го предводеше својот тим со 38 поени и 8 скока, а изминатата вечер повторно блесна овој пат со 36 поени, 11 скока и 5 асистенции.

Портланд во последната минута од мечот влезе со негатива од осум поени па се одлучи за тактика со постојано фаулирање која се исплатеше. Блејзерс брзо ја стопија предноста на Денвер, а на три секунди до крајот при резултат 118-115, Монте Морис промаши две слободни фралања. Меѓутоа, Јокиќ не дозволи гостите да имаат последен напад за продолженија откако по промашувањето на неговиот соиграч прв стигна до топката во рекетот па со „тип-ин“ ги постави конечните 120-115.

Се вчитува...