Заслужено: Де ла Фуенте е најдобар тренер во 2026

Луис де ла Фуенте сосема заслужено е добитник на наградата за најдобар тренер во светот на фудбалот за 2026 година, откако овој стратег со Шпанија стигна до мундијалскиот трон.

„Црвената фурија“ одигра мундијал за паметење, а фантастичната серија без пораз трае се уште, откако Шпанците продолжија во триумфален ритам и на стартот на Лигата на Нации, најмногу по заслуга на овој максимално скромен стратег.

„Благодарност до сите, огромна е честа. Би сакал да кажам дека ова е тимска награда, за мојот стручен штаб како и за фудбалерите со кои имам чест да работам“, изјави Де ла Фуенте по добивањето на големото признаниие.

Наградата за најдобар тренер во женски фудбал за ланската сезона ја освои Пере Ромеу, стратегот на женскиот тим на Барселона.

Се вчитува...