Заслужено: Дончиќ ќе потпише договор од 200 милиони долари

Лука Дончиќ и оваа сезона играше извонредно во дресот на Далас, предводејќи го тимот до пласман во плејофот, но словенечката суперѕвезда немаше доволна помош од соиграчите за да го елиминира тимот на ЛА Клиперс.

Тој веќе се насочи кон подготовките со репрезентацијата за олимписките квалификации, а во меѓувреме управата на Далас почна да подготвува понуда за да го задржи Дончиќ уште долго во овој клуб. Се очекува преговорите да почнат пред стартот на новата сезона, а новиот договор ќе стартува од сезоната 2022/23 и ќе ја надмине границата од 200 милиони долари.

Американските медиуми најавуваат дека Далас подготвил петгодишен договор според кој Лука во првата сезона ќе заработи 34,7 милиони, а во последната 45,9 милиони долари, со што во секој случај ќе биде убедливо најплатен кошаркар во тимот. Сепак, се очекува Словенецот да бара и засилување на играчкиот кадар, бидејќи станува очигледно дека без вистинска помош самиот нема да може да го одведе Далас далеку во плејофот.

Се вчитува...