Заслужено: Кире Лазаров – МВП на квалификациите

Кире Лазаров е изборот на ЕХФ за МВП на првите две кола од квалификациите за ЕП 2022, во кои македонскиот национален тим забележа победи над Финска и над Швајцарија. Лазаров беше најефикасен и на двете средби, постигнувајќи 11 гола против Финците, потоа и шест против Швајцарците, широко отворајќи ги вратите за нашиот национален тим да биде дел од европскиот шампионат.

Погледнете дел од погодоците што македонскиот капитен ги постигна при победите над Финска и над Швајцарија…

Се вчитува...