Заслужено: Лука Божиќ е МВП на АБА-лигата

Кошаркарот на Задар, Лука Божиќ е добитник на големото признание за МВП на АБА-лигата, по брилијантната сезона што хрватскиот ас ја имаше во регионалното натпреварување.

Крилниот играч, кој се врти назад во Задар имаше низа неверојатни натпревари во АБА, во просек сезонава постигнувајќи 22 поени, 9,8 скокови и 6,4 асистенции по натпревар. Тоа беше доволно за Божиќ тотално да издоминира во гласањето на тренерите, навивачите и новиарите, освојувајќи 79% од вкупниот број на гласови. Второто место му припадна на Факундо Кампацо од Црвена Звезда со 12,3 проценти од гласовите додека третопласиран беше Матијас Лесор од Партизан со 7,1%.

Минатата сезона МВП на АБА-лигата беше Никола Калиниќ, кој потоа се пресели во Барселона, во 2020/21 МВП бепе Филип Петрушев, тогаш како член на Мега, а пред него со наградата за најкорисен играч во АБА се закитија и Гога Битадзе (Будуќност), Лука Жориќ (Цибона), Никола Јанковиќ (Ун. Олимпија), Миро Билан (Цедевита) и Никола Јокиќ (Мега).

Се вчитува...