Заслужено, ова е најубавиот гол на ПЛ за оваа сезона (ВИДЕО)

Ерик Ламела ја доби наградата за стрелец на најубавиот гол во Премиер лигата за сезоната 2021/22. Аргентинецот постигна неверојатно мајсторски гол на севернолондонското дерби на „Емирати“ за својот Тотенхем против Арсенал.

За потсетување, Ламела го донесе својот тим во водство на најспектакуларен начин, постигнувајќи гол со рабона.

Не е првпат Ламела да даде гол со рабона, пред неколку години неговиот погодок од 16 метри беше прогласен за гол на сезоната во Европа, а овој пат „топџиите“ беа оние кои настрадаа од негова мајсторија.

 

 

 

 

Се вчитува...