Младото момче Калум Хајнс го живее својот сон откако реагираше енергично и додаде топка во вистински момент, по што беше постигнат, а тоа беше дел од пресвртот на Тотенхем против Олимпијакос во Лигата на шампионите. „Спарс“ губеа со 0-2, но потоа направија огромен пресврт и славеа со 4-2 во Лондон. Менаџерот Жозе Мурињо го пофали Калум дека одлично ја „чита“ играта и е вистински додавач на топки кој сонува еден ден да биде голем фудбалер. Португалецот го покани 15-годишното момче на ручек со тимот во пресрет на денешниот натпревар против Борнмут во Премиер – лигата.
„Тој ќе дојде на ручек со тимот пред мечот со Борнмут. Се надевам дека за него тоа ќе бидат среќни моменти, а на нас ќе ни даде дополнителна мотивација за победа“, изјави Жозе Мурињо.
По доаѓањето на Португалецот на клупата, Тотенхем има ефект од две победи. Денеска (16 часот) е домаќин на Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА