Заврши ли Мундијалот во Русија и за Кавани…? Страдаше предната ложа!

Лионел Меси и Кристијано Роналдо веќе се на пат за дома по елиминацијата на Аргентина и Португалија на Светското првенство 2018. Но, заврши ли Мундијалот во Русија и за уште една ѕвезда – Единсон Кавани!?

Уругвајците денеска се во очекување на официјалните резултати од деталните прегледи на напаѓачот на ПСЖ кој вчерашното осминафинале предвреме го заврши поради повреда.

Степенот на загриженост кај Уругвајците дополнително беше подигнат по изјавата на Кавани за националната телевизија дека најверојатно се работи за повреда на предната ложа, што може да значи и крај на првенството.

„Мислам дека настрада предната ложа… Ако е тоа така, тогаш не знам дали ќе можам да се вратам на овој шампионат. Но, деталните прегледи ќе дадат одговор, а јас се надевам дека сепак ќе бидат подготвен за Франција“ – истакна синоќа Кавани.

Четвртфиналната пресметка на Уругвај со Франција е закажана за 6. јули во Нижњи Новгород.

Се вчитува...