Завршува ерата на Клоп во Ливерпул, следна дестинација е Германија!

Германскиот тренер е на „Енфилд“ од 2015 година. Пред две години му ја донесе титулата европски шампион на Ливерпул, а минатата сезона му ја врати титулата шампион на Англија по точно 30 години. Но, Ливерпул изгледа очајно оваа сезона, речиси и да нема шанси да ја одбрани титулата, па ќе мора да работи напорно за да стигне до едно од првите четири места кои водат во Лигата на шампионите.

Германскиот весник „Билд“, денес на насловната страна објави дека Јирген Клоп наскоро би можел да го напушти Ливерпул. Клоп има договор со Ливерпул до 2024 година, но „Билд“ вели дека е тешко да се очекува од него да остане во Ливерпул уште три години. За ваков исход, „Билд“ дава само 30 проценти шанса, а најмногу, дури 68 проценти, се верува дека после Ливерпул, следната дестинација на Клоп ќе биде тренерската позиција на германската репрезентација.

„Кога и да заврши неговото владеење во Ливерпул, Клоп порано или подоцна ќе се врати во Германија. Тој е многу заинтересиран за селекторската позиција, особено што Германија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2024 година. Дури е можно и тој да го напушти Ливерпул ова лето, но за тоа постојат мали шанси “, гласи текстот на „Билд“.

Се вчитува...