Збогум, Кепа: Челси го потпиша голманот Менди

Челси го договори и седмото засилување во овој преоден рок откако денеска го официјализираше трансферот на Едуард Менди, францускиот голман кој за сума од 22 милиони фунти пристигна од редовите на Рен. Френк Лампард интензивно беше во потрага по голман, Челси беше поврзуван со Облак, Поуп и Хендерсон, за на крајот сепак изборот да падне на Менди.

Пресреќен сум што доаѓам во клуб како Челси. За мене е исполнување на сонот да се биде дел од овој проект, да работам со тренер како Френк Лампард. Едвај чекам да се запознаам со новите соиграчи и да почнам со работа“, изјави Менди по потписот на договорот.

Доаѓањето на овој голман ќе значи и речиси сигурно заминување на Кепа, откако Шпанецот имаше две кошмарни сезони по трансферот од Атлетик Билбао што значеше и светски рекорд за еден голман – во висина од 80 милиони евра. На челниците на Челси им е јасно дека нема да можат да си вратат ниту половина од оваа инвестиција, па голема е веројатноста дека Кепа ќе си замине на едногодишна позајмица, во обид да му се зголеми вредноста за следното лето целосно да биде продаден од лондонскиот клуб.

Се вчитува...