Збогум Вардар: Дибиров се сели во Загреб!

Тимур Дибиров нема да го носи дресот на Вардар во новата натпреварувачка сезона откако рускиот репрезентативец ја прифати понудата за својата кариера да ја продолжи (и најверојатно заврши) во дресот на Загреб. Хрватскиот шампион уште пред десетина дена тргна во офанзива по руското лево крило, во надеж дека ќе го убедат Дибиров да стави крај на својата ера во црвено-црниот дрес.

Русинот побара време за да размисли, а според последните информации, неговата конечна одлука е – збогување со Вардар и нов предизвик во кариерата. Иако до неодамна изјавуваше дека негова желба е кариерата да ја заврши во црвено-црниот дрес, неговиот став се промени по санкциите за „црвено-црните“ и исклучувањето на македонскиот првак од Лигата на Шампионите.

Дибиров во текот на следната седмица би требал и официјално да се пресели во Загреб, каде во тимот крај себе ќе ги има поранешните соиграчи од Вардар, Вуко Борозан и Иван Чупиќ.

Се вчитува...