Збогум, Вардар: Лакрабер потпиша за Флери

Веќе нема никакви дилеми, Александра Лакрабер ја игра својата последна сезона во дресот на Вардар, откако француската репрезентативка го договори своето враќање назад во татковината. Флери ќе биде новиот клуб на десниот бек на „вардарки“, откако Лакрабер ги договори условите за двогодишна соработка и ќе му се приклучи на овој клуб по завршувањето на сезонава. Информацијата прв ја објави францускиот весник „Л’Екип“ уште пред дваесетина, за денеска да стигне и официјална потврда.

„Лакрабер поседува ракометна култура, но и неверојатно меѓународно искуство, со што ќе биде голем плус за нашиот колектив. Нејзината вредност како личност, но и способноста да се жртвува за доброто на тимот се двете работи кои ќе ни помогнат ние да напредуваме како клуб и да го реализираме проектот за враќање во Европа во 2020“ – изјави тренерот на Флери, Кристоф Пасан.

Лакрабер ќе го одработи договорот со Вардар до крајот на сезонава и повторно ќе биде меѓу главните адути во обид да се стигне до трофејот во ЛШ, а летово ќе се врати назад во Франција.

Се вчитува...