Збогување со стил: Шпалир на „Енфилд“ за Ориги (видео)

Дивок Ориги поради повреда вооопшто не беше во составот на Ливерпул за денешниот дуел со Вулверхемптон, но Јирген Клоп и управата на Ливерпул организираа збогување со стил за белгискиот голгетер, кој со „шпалир“ беше поздравен од тренерот, стручниот штаб и соиграчите пред преполните трибини на „Енфилд“.

Ориги не беше стандарден во нападот на Ливерпул, но секогаш кога ќе добиеше шанса максимално ја користеше. Ќе остане запаметен неговиот гол за 4-0 во победата во полуфиналето од ЛШ над Барселона, како и погодокот за 2-0 во големото финале против Тотенхем, со кој Белгиецот стави печат на европската титула на Ливерпул.

Тој летово како слободен играч ќе си замине од „Енфилд“, а следна дестинација на Ориги ќе биде новиот италијански првак Милан.

Се вчитува...