Здрав за на свадба и за шетање кучиња, болен за на тренинг: Погба уште не се враќа во Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Враќањето на Пол Погба во Манчестер Јуанјтед повторно е одложено. Поради болест. Информираше менаџерот Оле Гунар Солскјер. Предводникот на Јуанјтед мораше да соопшти дека францускиот интернационалец нема да биде во тимот за дуелот в среда против Колчестер во четвртфиналето од Карабао купот. Погба доби дозвола од клубот да присуствува на свадбата на неговиот брат во Франција во петокот.

Во меѓувреме се разболел објаснуваше денеска Солскјер кој не прецизираше колку дополнителни денови за одмор ќе му бидат потребни на Погба. Но, целата ситуација е чудна ако се има в превид дека семејството Погба во петокоо објави видеа на кои Пол весело танцува на свадбата, а британските медиуми го фотографираа како ги шета кучињата во понеделникот по враќањето од Франција.

Претходно Погба беше на рехабилитација во Дубаи и во Мајами. Од Флорида објавуваше фотографии како се забавува со НБА ѕвездата Џими Батлер. Погба нема одиграно натпревар за Јунајтед два и пол месеци, а има добиено 1,8 милиони фунти во плати за овој период.

 

 

View this post on Instagram

 

Was a great day thank you everyone to enjoy this with us and our family ??? ?????? #lifestyle #fun

A post shared by Mathias Pogba (@mathiaspogbaofficial) on

Се вчитува...