Здравковски: Чест е повикот во репрезентацијата, подготвен сум да одговорам на сите барања на селекторот

Давор Здравковски е единствениот дебитант на списокот на селекторот Милевски за мартовскиот собир и дуелот против Малта на стартот од квалификациите за Европското првенство 2024.

Фудбалерот за врска на кипарски АЕЛ Лимасол беше дел од младата селекција во време на селекторувањето на Милевски, за да сега добие прв повик и во најсилната репрезентација.

„За мене е голема чест и задоволство што добив повик во А-репрезентацијата. Да се биде дел од оваа фамилија тука е навистина задоволство и остварување на сонот на секој фудбалер“ – вели Здравковски, притоа потенцирајќи дека е подготвен да помогне водел се што ќе побара селекторот од него.

„Секако дека сум подготвен да се ставам во функција на репрезентацијата и на сите барања на селекторот. Можеби чувствувам и мал притисок, но секогаш е добро да се има притисок како поголем мотив. Не смее да се потценува Малта на стартот од квалификациите, но ние мора да одиграме онака како што знае оваа селекција и секако да дојде до позитивен резултат“.

Се вчитува...