Здравковски: Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ги надмина проблемите со спортската опрема и полека се фокусира на претстојниот меч против селекцијата на Шпанија во Алкоркон. Дуелот против најголемиот фаворит во групата е голем мотив за избраниците на Благоја Милевски.
Давор Здравковски вели дека тој и соиграчите се максимално мотивирани за да се спротивстават на „црвената фурија“.

„Утре нѐ очекува натпревар против една од најдобрите европски репрезентации. Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас. Очекувајте мотивирана Македонија со цел квалитетно да им се спротивставиме на домашните фудбалери. Овие квалификации ги започнавме со добри резултати и ќе направиме сѐ за да го продолжиме тој пат. Ветуваме голема борба и максимална ангажираност од сите во репрезентацијата“, вели фудбалерот за врска, Давор Здравковски.

Натпреварот меѓу Шпанија и Македонија е закажан за утре (19.45 часот) на стадионот „Санто Доминго“ во Алкоркон.

Се вчитува...