„Здравствените работници имаат прениски плати со години, а тоа си е ваша одговорност“

Преговорите за продолжување на Премиер-лигата, а пред се намалувањето на платите на играчите предизвикаа огромно внимание во Англија во време на голема здравствена и финансиска криза проади пандемијата на коронавирусот. Неизвесно е продолжувањето на сезоната, извесно е дека ќе има намалување на платите, а играчите последниве денови беа цел на јавни напади особено откако двајца министри од владата јавно побараа фудбалерите да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и да прифатат помали плати за да бидат спасени работни места.

Од друга страна, дел од фудбалерите имаат реакции на ваквите изјави. Тие велат оти се „лесна цел“ за напади, а претставниците на владата треба да си го работат својот дел од обврските.

„Фудбалот се обидува да направи добро. Ме изненади кога видов дека фудбалерите се претставени како злосторници. Министерот за здравство ги обвинува фубалерите. Па здравствените работници се негова обврска, тие имаат премали плати со години. Тој требало тоа да го поправи“  – изјави за британските медиуми играчот на Кристал Палас, Андрос Таунсенд.

Премиерлигашките играчи договорија формирање фонд во кој ќе донираат пари наменети за здравствените работници и најавија дека ќе придонесат со „сериозно висока сума“. Идејата дошла од капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон.

 

 

Се вчитува...