„Зелено-белата“ се уште е модерна во Македонија – Е. Пелистер трета година во низа е ракометен владетел (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Е. Пелистер ја одбранија титулата во домашниот шампиона откако вечерва во мечот за трофејот славеа на гостувањето кај Вардар со 30-32.

Битолчани со храбра игра успеаја да слават во храмот на најголемиот ривал и со тоа трет пат во низа да стигнат до најпосакуваниот трофеј во мак-ракометот кој на крајот го прославија заедно на трибините со своите верни фанови „Чкембарите“.

Ова е девета титула за „зелено-белите“ во домашниот шампионат, а Битола и следната сезона ќе биде македонска метропола во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...