Традиционалниот исцелител од Гана, Нана Кваку Бонсам, кој неодамна тврдеше дека фрлил „клетва“ врз капитенот на Англија, Хари Кејн, пред натпреварот со Гана, предвиде дека Зеленортските Острови ќе ја победат Аргентина на Светското првенство.
„Зеленортски Острови ќе ја елиминираат Аргентина од Светското првенство“, предвиде исцелителот од Гана.
Тој изјави дека Островите ќе ја изненадат фаворизираната селекција на Аргентина во нокаут фазата од натпреварувањето, оценувајќи дека африканската репрезентација има „потенцијал за сензација“, објави спортскиот портал Трибуна.
Натпреварот од осминафиналето меѓу Аргентина и Зеленортските острови ќе се игра во Мајами, Флорида, на 3 јули.
Контроверзниот „духовен водач“ од Гана претходно „предвиде“ дека Португалија на Кристијано Роналдо ќе го освои Светското првенство во 2026 година, неколку дена откако тврдеше дека фрлил „клетва“ врз капитенот на Англија, Хари Кејн, пред натпреварот против Гана.
Бонсам, исто така, предвиде дека Англија ќе остане без трофеј, но во исто време рече дека наводното проклетство против Кејн е „укинато“ и дека меѓу нив нема непријателство, како и дека не му посакува „никакво зло“ на напаѓачот на Баерн Минхен.
Тој, исто така, ја објасни причината за неуспехот на турската репрезентација на турнирот, тврдејќи дека тимот на таа земја бил „случајна жртва“ на неговиот ритуал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
