„Земете му ја титулата на Челси и дајте му ја на Тотенхем“

Тотенхем важи за еден од најлузерските клубови во Англија, колектив што традиционално троши богатство на нови фудбалери, но без преголем успех и освојување на било каков трофеј.

Најблиску до пехар „спарси“ беа во сезоната 2016/17, во која го освои второто место зад лондонскиот ривал Челси. Дополнителна бура се крена откако Челси беше казнет за кршење на правилата на наттпреварувањето, но само со парична казна од 12,5 милиони евра додека беше поништена санкцијата за одземање на шест бода.

Тренерот на Тотенхем од таа сезона, Маурицио Покетино, смета дека санкциите не се соодветни и дека „сините„ треба да останат без шампионскиот трофеј и истиот да му биде доделен на неговиот поранешен клуб.

„Ние требаше да го кренеме тој пехар, да бидеме шампиони на Премиер-лигата. Тие се казнети, нивните газди ја признаа вината и тоа е се? Зарем се ќе си тече како што било… Факт е дека не се натпреварувавме под исти правила, а кога постои казна за прекршување на правилата за натпреварување, титулата треба да биде доделена на второпласираната екипа, во случајов Тотенхем. Да беа правилата исти за сите, можеби ќе можевме да доведеме играчи кои ќе ни донесеа повеќе голови и бодови… не се жалам, тоа едноставно е факт. Ако шампионот признае дека мамел на патот до титулата, логично е тој троофеј да му припадне на вториот на табелата. Навивачите на Челси најверојатно ќе се налутат поради ова, но јас не се плашам да ја кажам вистината“, порача Покетино, кој неодамна потпиша нов договор како селектор на САД.

Се вчитува...