„Земјотрес“ во НБА: Ирвинг оди кај Леброн во ЛА Лејкерс, Бруклин го добива Вестбрук

Раководството на ЛА Лекерс е на добар пат со еден потег да заврши две фантастични работи – да го доведе Кајри Ирвинг во клубот и истовремено да се ослободи од Расел Вестбрук. Иако Вестбрук објави дека ќе остане и за последната година од договорот што го има со лејкерси, управата на клубот е решена да го „трејдува“, а во завршна фаза се преговорите со Бруклин за тој да биде испратен во нетс во директна замена за Ирвинг.

Ирвинг исто така сака да си замине и е сериозно заинтересиран за преселба меѓу „езерџиите“. Таму тој повторно би заиграл крај Леброн Џејмс, со кого играше три финалиња во низа во Кливленд и заедно ја освоија титулата во 2016 година.

Американските медиуми објавија дека преговорите се во напредна фаза, Бруклин покрај Вестбрук би го добил и Џо Харис, додека ЛА Лејкерс како дел од оваа голема размена би добиле и квалитетен шутер во Сет Кари.

Самата преселба на Расел Вестбрук во Бруклин ќе значи и дефинитивно заминување на Кевин Дурант, кој беше во „војна“ со Вестбрук откако по неколкугодишно заедничко играње реши да си замине од Оклахома сити.

Се вчитува...