Денешниот земјотрес во Загреб кој беше со јачина од 5,5 степени по Рихтер оштети бројни згради во главниот град на Хрватска, а оштетен е и најголемиот хрватски стадион „Максимир“.
„Констатирани се оштетувања на подножјето на Западната и Источната трибина на ‘Максимир’ во вид на одрони на помали бетонски делови како и пукање на две стаклени површини на Северната трибина. За се се информирани и надлежните градски органи со молба за итен преглед на целиот стадион од страна на стручни служби“ – се вели во соопштението од Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА