Зендели: Со помош и од навивачите веруваме во изненадување!

Капитенот на Шкупи, Суат Зендели верува дека неговиот тим, без разлика на се, може да дојде до позитивно изненадување на реваншот против Глазгов ренџерс во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.

„Знаеме дека играме против еден голем ривал, но и знаеме дека можеме да одиграме добро, го покажавме тоа на првиот меч на ‘Ајброкс’ во Глазгов. Ние сме спортисти, веруваме во сопствените квалитети и ќе дадеме се од себе за да направиме пресврт и изненадување“ – рече Зендели во обраќањето пред медиумите, притоа дополнувајќи:
„Шкупи сега ќе ја има поддршката од публиката и мислам дека ќе бидеме уште подобри. Оптимизмот е на високо ниво и сите заедно можеме да оствариме позитивен резултат.“
Натпреварот меѓу Шкупи и Глазгов ренџерс на националната арена „Филип Втори“ во Скопје се игра утре од 18 часот.

Се вчитува...