Зени Хусмани стрелец за Домжале… (видео)

Македонскиот интернационалец Зени Хусмани го постигна својот прв гол сезонава во дресот на Домжале во словенечкиот шампионат.

Во 11. коло од Првата лига на Словенија, Домжале одигра без победник (1-1) на гостувањето против Цеље, благодарение на погодокот на Хусмани кој во 27. минута погоди за израмнување на мечот во тие моменти…

Домжале со 13 бода од 11 натпревари е на петтото место во моментов во најсилната лига на Словенија. Агим Ибраими, пак, кој ова лето потпиша за Домжале се уште го чека дебито во дресот на својот нов клуб.

Се вчитува...