Жан-Пјер Папен му се враќа на фудбалот, ќе биде тренер на француски четвртолигаш

Поранешниот прославен француски голгетер Жен-Пјер Папен по една деценија му се враќа на фудбалот. Тој одлучи да му се врати на тренерскиот занает и се согласи да биде шеф на стручниот штаб на четвртолигашот Шартр. Папен договори едногодишна соработка со клубот, со опција за продолжување за уште една дополнителна сезона. Тој ќе го замени на клупата Жан-Гу Валем.

Последен пат Папен работеше како тренер во Шатору во сезоната 2009/10, а беше и на клупата на Ленс и на Стразбур. Во текот на богатата фудбалска кариера настапуваше за клубови како Олимпик Марсеј, Баерн Минхен, Милан, Бордо, Валенсиен, Клуб Бриж…

 

Се вчитува...