Жардим: Не знам дали ќе го задржиме Мбапе

Напаѓачкото чудо на Монако, Килијан Мбапе, се очекува да биде првата ѕвезда на овој летен преоден рок во фудбалска Европа, а неговиот трансфер би требало да биде најголемиот во историјата. За него се заинтересирани неколку европски гиганти, пред се Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Арсенал, а тренерот на „кнезовите“, Леонардо Жардим, секако, би сакал да го има во својот тим и следната сезона.

Но, сепак, португалскиот стратег веќе не е уверен во тоа дека Монако ќе успее да го задржи Мбапе во својот состав.

„Секој тренер сака да ги има на располагање најдобрите фудбалери. А Мбапе покажа дека и со своите 18 години е еден од најдобрите, а сигурно најталентираниот. Ќе се трудиме да го задржиме со сите сили, но некогаш сте и немоќни да сторите нешто такво. Ние ќе продолжиме напорно и се надевам дека и следната сезона ќе се бориме за титулата во Франција“, изјави тренерот на Монако.

Леонардо Жардим веќе ја одбра и потенцијалната замена за Мбапе, доколку тој замине. Најголеми се шансите тој да направи трансфер во Реал Мадрид, а во Монако тогаш би пристигнал Џулиен Н’Гој од Стоук, исто така млад и талентиран напаѓач.

Се вчитува...