Легендата на Партизан, Жарко Паспаљ и дефинитивно ќе биде новиот спортски директор на клубот од Хумска, заменувајќи го на таа позиција Зоран Савиќ, кој ја напушти таа позиција по четири и пол години.
Паспаљ неодамна стана член на клупското собрание место Горан Грбовиќ, па сè укажуваше дека е подготвен поактивно да се вклучи во работата на Партизан, кој е на пресвртница по заминувањето на Жељко Обрадовиќ од тренерската клупа.
Како играч, Паспаљ се докажа и во Партизан, но и на интернационалната сцена, беше и во НБА, но е со скромно искуство на менаџерски позиции. Всушност, никакво, бидејќи по завршувањето на кариерата, тој беше менаџер на тимот на Србија и Црна Гора во првите две години под палката на Обрадовиќ на Олимписките игри во Атина во 2004 година и на ЕП во Белград во 2005 година, додека подоцна беше десна рака на Владе Дивац во Олимпискиот комитет, како потпретседател од 2009 до 2017 година.
Сепак, и покрај ова, јасно е дека има контакти во кошаркарскиот свет, авторитет и знаење. Покрај него, за одговорната позиција беа спомнувани и Новица Величковиќ и Миленко Тепиќ, кои од летото се на чело на помладите категории на Партизан. Сепак, Управниот одбор на клубот се одлучи за Паспаљ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

