Ждреб за КЛ: Мурињо повторно ќе мора да патува во Норвешка

Жозе Мурињо и неговата Рома повторно ќе се сретнат со норвешкиот Бодо Глимт одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Мурињо доживеа вистински срам во групната фаза токму од Бодо Глимт од кого во Норвешка загуби со огромни 6-1. Интересно се очекува да биде и во дуелот меѓу англискиот Лестер и холандскиот ПСВ Ајндховен.

Во останатите парови ќе се сретнат Феенорд – Славија Прага и Олимпик Марсеј – ПАОК. Во полуфиналето подобриот од дуелот меѓу Лестер и ПСВ Ајндховен ќе се сретне со победникот од Бодо Глимт – Рома, додека во второто полуфинале ќе вкрстат победниците од дуелите Феенорд – Славија Прага и Марсеј – ПАОК.

Првите четвртфинални натпревари во Конференциската лига се закажани за 7. април, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна. Полуфиналните мечеви пак се закажани за 28. април, а реваншот е на 5. мај. Финалниот дуел кој ќе се игра во Тирана е закажан за 25. мај.

КЛ 1/4 финални ПАРОВИ: 

Бодо Глимт – Рома

Феенорд – Славија Прага

О. Марсеј – ПАОК

Лестер – ПСВ Ајндховен

Се вчитува...