Ждрепка: Гигантите се избегнаа во четвртфиналето од лига-купот

Англиските фудбалски гиганти се избегнаа меѓусебно на денешната ждрепка за четвртфиналето во лига-купот.

Најмногу среќа имаше бранителот на трофејот Манчестер Сити, кој за место во полуфиналето ќе се бори со нисколигашот Оксфорд Јунајтед.

Манчестер Јунајтед по елиминацијата на Челси ќе се сретне на домашен терен со Колчестер, додека Евертон ќе го пречека Лестер.

Ливерпул беше извлечен да гостува на тимот на Астон Вила, а останува да се види кој термин ќе биде доделен за мечот на „Вила Парк“, со оглед на фактот дека тимот на Јирген Клоп ќе игра на клупскиот Мундијал во Катар во терминот предвиден за овие четвртфинални средби.

Се вчитува...