Ждрепка за Лига куп: „Џек-пот“ за Јунајтед, Сити против Саутемптон

Дербито од четвртфиналето на Лига купот треба да биде дуелот меѓу Саутемптон и Манчестер Сити.

По натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул во кој избраниците на Пеп Гвардиола го елиминираа победникот од минатата сезона, беше извршена и ждрепката за четвртфиналето.

Најинтересен дуел секако е оној на „Сент Мери“ во Саутемптон каде гостува Сити на Гвардиола. Среќата на ждрепката ја имаше градскиот ривал Манчестер јунајтед, кој на „Олд Трафорд“ ќе биде домаќин на третолигашот Чарлтон Атлетик.

Двојки: Саутемптон – Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед – Чарлтон Атлетик, Нотингем Форест – Вулверхемптон и Њукасл – Лестер.

Натпреварите се закажани за 10. и 11. јануари.

Се вчитува...