Ждрепка за лига-купот на Англија: Повторно силен ривал за Њукасл

Екипата на Њукасл игра одлично во англискиот лига-куп сезонава, веќе успевајќи да ги елиминира Манчестер Сити и актуелниот освојувач Манчестер Јунајтед од ова натпреварување.

„Црно-белите“ се во четвртфиналето, а таму повторно ќе имаат силен ривал во тимот на Челси, за кого ова е наверојатно единствена шанса да стигне до трофеј сезонава. Ждрепката ги извлече овие две екипи еден против друг, а интересно е што во полуфиналето ќе има и еден нисколигаш, откако Порт Вејл и Мидлсброу беа извлечени во иста двојка за четвртфиналето.

Евертон ќе го пречека Фулам, додека Ливерпул ќе биде домаќин на Вест Хем, откако „чеканите“ синоќа го елиминираа Арсенал со импресивни 3-0.

Четвртфиналните натпревари од лига-купот на Англија ќе се играат на 18 и 19 декември.

Се вчитува...