Ждрепка за полуфинале во ЛШ ракомет: Кил против Барса, Веспрем на мегдан со Кјелце

Денеска се одржа ждрепката за полуфиналните средби од Ф4 ракометниот турнир во Келн, кој е на програмата на 18/19 јуни во „Ланксес Арената“.

Барселона, фаворитот за освојување на пехарот во ова натпреварување за противник го доби тимот на Кил. „Зебрите“ претходно веќе елиминираа еден фаворит за пехарот – тимот на ПСЖ.

Во второто полуфинале, Веспрем на Дејан Манасков ќе се сретне со полскиот тим Кјелце. Се очекуваат две жестоки битки за пласман во финалето на турнирот, и борба за пехарот.

Се вчитува...