Ждрепката за Ролан Гарос донесе потенцијален дуел на Ѓоковиќ и Надал во четвртфиналето (ФОТО)

Ждрепката за Ролан Гарос не беше во полза на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кои ќе имаат меѓусебен дуел уште во четвртфиналето доколку успеат да стигнат до оваа фаза. Српскиот тенисер гренд-слем турнирот го започнува против Јапонецот Нишоико, додека Шпанецот силите ќе си ги одмери со Џордан Томпсон.

Патот до 21. гренд-слен за Србинот ќе биде пеколен поготово доколку се смета дека во неговиот дел од костурот се наоѓа и младиот Карлос Алкараз кој славеше против прворангираниот тенисер во Мадрид.

Данил Медведев ќе започне против Беренкис, додека Александер Зверев во првото коло ќе се сретне против тенисер кој ќе ги помине квалификациите.

 

Се вчитува...