Жељко Обрадовиќ потпишува нов договор со Партизан

Најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ сосема извесно ќе потпише нов договор со Партизан по истекот на актуелниот кој му завршува на крајот од сезоната.

Спортскиот директор на Партизан, Зоран Савиќ, во изјава за „Телеграф“ вели дека нов договор со Жељко се уште не е потпишан, но е убеден дека ќе биде на крајот од сезоната.

„Се е тоа во тек… Мислам дека нема да има никакви проблеми, и Партизан и понатаму ќе биде предводен од Жељко“ – вели Савиќ.

Спортскиот директор смета дека клубот и натаму е во игра за плеј-ин во Евролигата, и покрај поразот од Олимпијакос.

„Веруваме сигурно дека имаме свои шанси. Има уште два натпревари, и мислам дека можеме до целта. Се зависи од нас, но и од другите екипи, но шансите се уште се тука“ – вели Савиќ.

Се вчитува...