Жена-активист се залепи за паркетот во НБА (ВИДЕО)

Во НБА-лигата синоќа се случи бизарна сцена која за момент потсети на Премиер-лигата, кога еден фан излезе и се заврза за стативата на дуелот помеѓу Евертон и Њукасл. Овојпат на дуелот меѓу Минесота тимбервулфс и ЛА клиперс (109-104) присутните во салата беа сведоци на една навивачка која го искористи невниманието на редарите и влезе под едниот од кошевите и се обиде да се залепи за паркетот со лепак.

Станува збор за активистка за правата на животните, чија цел била да го привлече вниманието за убивањето кокошки и други животни на фармата на газдата на „волците“, Глен Тејлор“.

Полицијата и редарите веднаш реагираа, а очигледно и лепакот што го користеше активистката не бил премногу ефикасен, бидејќи таа не успеа да ја оствари целта и целосно да се залепи за паркетот.

Се вчитува...