„Жешко“ во Аталанта – „Тепачка“ помеѓу капитенот и тренерот

На денот на победата над Ајакс во Амстердам (1: 0), Аталанта стана „европската сензација“ и обезбеди пласман во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, но и покрај овој историски успех, тимот од Италија предизвика внимание кај јавноста поради конфликт во тимот предводен од Пјеро Гасперини.

Имено, големата караница се случила во 5. коло од елитното клупско натпреварување, кога Аталанта „киксираше“ против дански Митјиланд и освои „само“ бод (1: 1) во прилично неубедлива игра.

На полувремето, при резултат 0: 1, тренерот Гасперини од игра го извади капитенот Алехандро Папа Гомеш и го внесе Словенецот Јосип Иличиќ, што на Аргентинецот ваквиот потег воопшто не му се допадна. Играчите застанаа позади својот капитен, па ова го натера Гасперини да му поднесе оставка на претседателот Лука Перкасија.

„Кавгите и несогласувањата се дел од секојдневниот живот“, изјави Перкасија за „Скај“ по натпреварот против Ајакс, додавајќи: „Гасперини и Гомеш остануваат во клубот. Ние се обидуваме да дадеме се од себе и единствено важно е нашата добра игра на теренот. Оваа година доживеавме неверојатни емоции и овој натпревар е доказ дека направивме историски резултат “.

Аталанта и сеознава (втора во клупската историја) игра одлично во Лигата на шампиони, италијанскиот тим го победи Ливерпул на „Енфилд Роуд“, а синоќа обезбеди продолжување на својот пат кон европскиот сон од Лигата на шампиони.

Се вчитува...