Жестока битка за опстанок: Прилеп, Штип или Ѓорче Петров…!? Кој ќе остане прволигаш!?

Повеќе од жестока битка ги почекува Победа, Брегалница и Македонија ЃП во последните осум кола од шампионатот носени од желбата да се остане на прволигашката сцена и во следната сезона… А, две од нив дефинитивно директно ќе мора да се преселат во понизок ранг на натпреварување.

Токму затоа и за трите екипи се повеќе од важни денешните натпревари од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига. Победа на игралиштето „Могила“ во Прилеп на мегдан со Силекс ќе ги отвори и вратите за навивачи од кои очекува максимална поддршка за три бода.

Во тимот на Победа за дуелот со Силекс конечно првпат право на настап има последното зимско засилување, 20-годишниот Александар Неданоски. Поранешниот фудбалер на Пелистер кој во есенската полусезона со 9 голови во дресот на Новаци беше втор стрелец на Втората лига од вчера се стекна со право на настап за црвено-белите. Неданоски и пристапи на Победа по завршување на преодниот рок, регистриран беше на 23. февруари, а поради прописите (мораше да чека два месеци) со право да конкурира за место во тимот и да се стави на располагање на стручниот штаб.

Брегалница, пак, против Пелистер во Штип ќе мора да бара реванш за елиминацијата во Купот, а младите „лавови“ во Ѓорче Петров на средба со Ренова која е стабилно на средината од табелата, но не ја крие и желбата за нова победа по двата едноподруго триумфи.

„Без разлика што загубивме високо од Ренова, мислам дека таков пораз не заслуживме. Очекувам дека утре ќе прикажеме квалитетна игра и ќе ги освоиме бодовите. Пелистер ќе се обиде со дефанзивна тактика да не изненади. Ние гориме од желба да му се реваншираме за поразите во првенството и Купот. Сега е време за рехабилитација. Убеден сум дека љубителите на фудбалот ќе присуствуваат на убава фудбалска претстава и на наш триумф“ – вели Бобан Георгиев.

Брегалница и натаму не може да смета на Митров, Лескаровски, Илиев, Нацев, Јовановски, а во комбинација се Темелков, Костадинов. Миовски…

ДВОЈКИ – 29. КОЛО (денеска, 16 часот)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС

УТРЕ (16 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Се вчитува...