Жестока казна за Диего Коста поради пцовките кон судијата на мечот со Барса

Крај на сезоната за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста откако доби жестока казна од осум натпревари суспензија поради вербалните напади на судијата Хесус Хил Манцано на мечот против Барселона во шпанската Ла Лига.

Коста доби четири натпревари казна поради пцовките, а дополнителни четири и поради влечење на раката на главниот судија.

„Да се се.ам на твојата е.ена мајка“ – викаше Коста, внесувајќи се директно во фацата на Манцано на мечот против каталанскиот тим.

Диего Коста, по актуелната казна, ќе го пропушти и првото коло од следната сезона во Ла Лига, секако ако и натаму биде член на Атлетико Мадрид. Сезонава ја заврши со вкупно 16 одиграни натпревари постигнувајќи два гола.

Атлетико во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата во шпанското првенство, со единаесет бода негатива зад првопласираната Барселона.

Се вчитува...