Жестока пресметка меѓу навивачи на Валенсија и Барселона пред „Месталја“ (ВИДЕО)

Валенсија ќе ја пречека Барселона на „Месталја“ во 21. коло од шпанската лига, натпревар кој е закажен за 16 часот. Два часа пред дербито дојде до жестока пресметка меѓу навивачите на двата клуба.

Најрадикалните фанови на Валенсија и Барселона се пресметаа пред стадионот. Тие се маваа со столици, факели, а дојде и до физичка пресметка. Полицијата успеа да ја исконтролира тепачката, а засега нема информации за повредени и приведени лица.

 

Се вчитува...